(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош

Од:

Дозволете ми на почетокот на кампањата за Локалните избори 2025, да ви се обратам како кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош, предложена од мојата партија Социјалдемократски сојуз на Македонија. Мојата и наша кампања ќе биде едноставна, без навреди и омаловажување кон моите противкандидати и, ова сакам особено да го нагласам, нема да биде материјално оптоварена. Убедена сум дека во 2025 година, во една од нај урбаните општини, не само во Скопје, ниту еден политичар не треба да ја очекува вашата поддршка и да го бара вашиот глас, во замена за кафе, сендвич, или „комшиски“ појадок, изјави Маја Мојсова Мијовска, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош од редовите на СДСМ.

Не, драги мои Карпошани. Од мене тоа не треба да го очекувате бидејќи јас нема да се обидам да ве поткупам со мали пакетчиња. Но, затоа од мене треба да очекувате да бидам присутна во сите месни заедници, во секое маало, на сите места каде вие драги мои Карпошани, се дружите, работите и уживате во секојдневието. Од мене треба да очекувате да се видам со секој еден од вас, да го слушнам вашиот глас, вашите потреби, вашите маки, но и да ме запознаете мене и да ви ја претставам мојата визија за нашиот Карпош.

А во мојата визија има инфраструктурните проекти, бидејќи се неминовни, но тие се приспособени на вашите потреби. Во мојата визија одржувањето на зелените површини, местата за одмор, спортските терени и детските игралишта е сосема вообичаена секојдневна работа на општинските институции, со кое ниту јас, ниту Општинската администрација, нема да се фали. Во мојата визија младите се најважниот столб на општеството, а ние сме должни да им понудиме подобри услови и заедно со нив да се бориме за Карпош, за нашиот дом. Како лекар, во мојата визија здравјето на граѓаните е најважно, и затоа редовното чистење и миење на улиците, дезинфекцијата на контејнерите за отпад и неговото редовно собирање, имаат висок приоритет.

Драги мои Карпошани, немам намера, ниту пак ќе дозволам, да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош. Нема да дозволам парите и моќта да надвладеат пред основните хумани потреби на моите Карпошани. Дозволете ми да споделам со вас дека во изминатиот период следев некои анкети (не знам од кого се нарачани), преку кои се обидуваат да наметнат наратив дека нас практично не ни се потребни избори, доволно е само да направиме анкети и можеме да ги назначиме советниците и градоначалниците.
Уште потрагично, нарачателите на овие анкети, некако се трудат, преку нив, да направат своевиден политички фемицид, исклучувајќи не нас жените, од трките за градоначалнички, па изборите заличуваат на борба на гладијатори, а не на најдемократскиот процес. Но, со самото тоа што се обидуваат да ме маргинализираат, овие „гладијатори“, само покажуваат колку е голем нивниот страв од мене, вели Мојсова Мијовска.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение, тоа е лицемерие

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај