(ВИДЕО) Коцевски: Младинскиот парк стана најомилено и најпосетено место на велешани

Од:

„Ве поканив во Младински парк, што по реконструкцијата и изградбата на фонтаната стана најомилено и најпосетено место на велешани за дружење и забава, за на лице место да ги промовирам следните проекти што заедно со граѓаните на Велес ќе ги реализираме во наредниот период.

Ќе изградиме пешачки, челичен надвозник од Младински парк, преку улицата Алексо Демниевски и железничката пруга за Гевгелија и Штип до Градски парк.

Мене ми се најдраги проектите со кои се менуваат навиките на граѓаните. Со овој проект Градскиот парк ќе им го вратиме на велешани во вистинска смисла на зборот и тоа што сега се случува овде во Младински парк во иднина ќе се случува и во Градски парк, на многу поширок простор.

Исто така со изградба на пешачки надвозник ќе се направи безбедна врска и ќе се создадат предуслови за развој на спортски, угостителски и културно забавни содржини“, изјави на денешната пресконференција Аце Коцевски, кандидат за градоначалник на Велес.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември