(ВИДЕО) Младеновски: На Крива Паланка ќе и дадеме перспектива а на селата живост

Од:

СДСМ Крива Паланка и oфицијално ја  заврши кампањата „Отвори врата за иднината“.  По работното лето, велат, продолжиле  со интензивните контакти и средби со граѓаните .

Дваесетина тима составени од интелектуалци, студенти, жени и пензионери, кои ги обединувала  социјал-демократската кауза и убедување, предводени од  кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, д-р Горан Младеновски, тропнале  на вратата на околу 5000 домаќинста и оствариле  контакт со повеќе од 15000 гласачи.

Се сретнале  и разговарале со вработени и невработени, со стечајци и пензионери, со студенти, земјоделци, бизнисмени, стопанственици, трговци.

„Резултат на тие средби и контакти се овие 4000 страници пишан материјал, сугестии, укажувања, секојдневни проблеми, но и предлози за надминување на постоечките состојби, идеи за нови решенија, идеи за подобра сегашност и сигурна и перспективна иднина. Во овие 4000 страници е сржта на претстојната изборна програма на нашиот кандидат за градоначалник од обединетата коалиција „Сојуз за иднината“ на Крива Паланка.“, рече Борјанчо Мицевски.

„На градот ќе му дадеме перспектива а на селата живост“, вети кандидатот за градоначалник Горан Младеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он