(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Од:

Големо е незадоволството кај граѓаните од катастрофалните политики на Владата и Мицкоски, особено од поскапувањата, одбивањето да се покачат платите и непреземањето навремени мерки. Но и од предавствата и лагите за името со кои Мицкоски дојде на власт. Додека Владата на Мицкоски тера бизниси, криминални тендери за лично богатење, стадардот на граѓаните паѓа. Народот едвај врзува крај со крај, работници се бркаат од работа, економијата оди надоле, европскиот пат е блокиран. Тоа е секојдневието на македонските граѓани, вели Рената Младеновска – членка на ИО на СДСМ.

– Владата сака да го прикрие ова незадоволство на граѓаните со нов дефокус, со пренасочување на вниманието. Постојано се штанцаат вести и се тера црна кампања на неколку клучни теми за дефокус:
1.Напади на СДСМ, црна кампања и линч на претседателот Филипче.

2.Подгревање на вештачки судири со соседите, со Бугарија.

А од вчера и уште една тема пробаа да протнат, демек Албанците ја окупирале Македонија. Еве погледнете ги дел од токсичните наслови. Секој ден постојано 90% од просторот на вмровските медиуми е црна кампања против Филипче и СДСМ. Зошто ако сме слаби, ако не постоиме, ако сме „мртва партија“? Власта сака да создава вештачка слика за внатрешни проблеми во СДСМ само за партијата да мора да се занимава со деманти, наместо со разоткривање на предавството на националните интереси, финансиската криза во државата, промашената ценовната политика со која народот е посиромашен.

Се создава и меѓунационална омраза со Албанците. На секој начин се пробува да се креира омраза или поделба на граѓаните по било која основа. Зошто? За да се прикрие неспособноста на владата, неспособноста на Мицкоски да ја води државата. Да се покрие катастрофалната економска политика. Финансиската криза. Да се запре СДСМ со објавите за грабежот на државата која е во тек преку цените на горивата, не воведување мерки, партизација на судството и блокирање на ЕУ интеграциите. Се креираат пораки како во кампања, се поттикнува омраза кон соседите, се создаваат намерни конфликти. Мицкоски вели дека СДСМ е бугарска организација?! Кој води кампања за бугарските избори? Да не е тоа Мицкоски? Тој што намерно создава конфликт со соседите. Кому му оди тоа во прилог? Нека размислат добро граѓаните! Како во кампањата за изборите, кога клечеше и молеше за власт, ветуваше враќање на името, поништување на Преспанскиот договор. Сега повторно измислува тема за загрозување на националниот идентитет. Малцинствата во Уставот не се само Бугарите, туку сите малцинства. Тоа не е прашање на Бугарија, туку прашање на ЕУ. Не дозволувајте повторно да ве лаже и да ве манипулира! Мицкоски го загрозува националниот интерес, а тоа е ЕУ. Изолацијата е негова политика! Заради кражба, изјави Младеновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески