(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Од:

До здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“пристигнало видео во које скопјанец удира од земја мачка и за кое според сведоците и сопственикот на мачката се работи за извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје.

„Истиот млад човек на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка.

Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар.

Млади лица, небаре деца кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе“, објавија од „Анима Мунди“.

Бараат од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски