(ВИДЕО) Мизрахи: Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе, сограѓани, во оваа битка мора да стоиме обединети

Од:

„Мојата генерација растеше во остатоците од еден систем кој целосно се распадна додека нашето железо се уште се ковеше. Доживеавме распад и страотни слики од војни секаде околу нас. Паметиме воени конфликти, масакри, бомбардирања, инфлации, сиромаштија, конфузија, стар систем, нов систем, понов систем, стари вредности, нови вредности.Се бараше од нас да се менуваме и постојано да се прилагодуваме. Но, најстрашно е сега.

Стигнавме до момент кога никој повеќе не верува, малкумина имаат надеж, а вистината е реткост. Алчноста ги извади оградите ветувајќи живот за сите но донесоа ѕидови од омраза бранејќи се од народот. Донесоа цинизам и демагогија проткаени низ бессрамно продавање лаги и ни наредија да ги викаме демократија додека трае нивната автократија“, вели Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани сограѓани, се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе. Безсистемноста која ја создадоа ќе посегне по повеќе животи од невидливиот непријател.

Затоа, сограѓани во оваа битка мора да стоиме обединети. За да победиме мора да бидеме живи и здрави. Седете дома! Ако излегувате нека биде тоа наменски. Користете маски и ракавици. Дезинфицирајте. Штитете се себе си и вашите најмили и додека си го штитите своето семејство штитете ги и туѓите. Во овој момент логиката е едноставна. Вашите родители се и мои, вашите браќа и сестри се мои браќа и сестри, вашите деца се и мои деца. Да го повторуваме ова секојдневно !

Потребни се ред и дисциплина, рационалност и самоконтрола. И најбитно од се, останете силни. Овој народ од секогаш знаел како да го најде летото во себе и кога зимата била најстудена. Овој народ верува во нашето сонце и кога е темно. Во крвта ни е“, изјави Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му