(ВИДЕО) Митревски: Нема потреба од протест, имаме одличен социјален дијалог со владата

Од:

Симболично со собир, наместо со протест Сојузот на синдикати денеска го одбележа денот на трудот. Со штандови на плоштадот во Скопје и свечена седница, првиот човек на ССМ даде оценка за работата од кога тој е на челната позиција.

Зборуваше за достигнувањата на ССМ и одлично воспоставената соработка со владата, и подобрување на социјалниот дијалог кој пред да дојде тој на функцијата бил многу слаб.

На новинарските прашања дека денеска се протестира во многу европски земји макар и симболично, Митревски одговори дека и со преговарање и договарање може да се постигне договор, метод кои тие го разаработиле и не морало да се протестира по секоја цена.

Митревски се пофали и со минималната плата која ја препиша како заслуга на ССМ, објаснувајќи дека за 98 отсто е зголемена минималната плата од кога тој е претседател на ССМ.

Дали 8.800 денари се доволни да се помине месецеот покажува потрошувачката кошничка на Државниот завод за статистика кој пресмета дека потрошувачката кошничка за четири члено семејство чини околу 30.000 денари.

„Различни се празнувањата различни се проблемите кои ги имаат државите различни се стратегиите на синдикатите. Нашата стратегија и водењето на вакви кампањи и унапредувањето на социјалниот дијалог покажа дека и со преговарање и со договарање можат да се постигнат резултати, а еве гледате дека сме излезени денес и гледате дека сме на улица. Оваа наша стратегија е подобра од колку еден ден на улица“, рече Митревски.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори