(ВИДЕО) Митревски: Да се укине данокот за донациите по телефон!

Од:

Граѓаните кои донираат пари преку отворените специјални телефонски броеви не треба да плаќаат и 18 проценти ДДВ. Овие броеви не се користат за телефонски разговори, туку преку нив се собираат пари за хуманитарни цели, кажа Јован Митрески, пратеник.

Бараме да се укине данокот за средствата што се донираат преку специјалните телефонски броеви на операторите.

Мнозинството граѓани во Македонија се сиромашни, голем број од нив не можат само да си го платат лекувањето дома или во странство, затоа многу често бараат финансиска помош предку овие отворени специјални линии. И од тие кои помагаат, мнозинството се во тешка финансиска состојба.

Затоа, пратеничката група на СДСМ и здружената опозиција до Собранието на Република Македонија поднесе Предлог – закон со којшто бараме повиците кон специјалните броеви за донации да не се сметаат за телекомуникациски услуги, односно да бидат ослободени од плаќање на ДДВ од 18%.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски