ВИДЕО: Пратениците за Велигден да покажат бојадисано јајце пред камера и да не носат џемпери, бара опозицијата

Од:

За време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера.

Освен тоа, пратениците кои учествуваат во работата од далечина да не смеат да носат облека со обележја на автомеханичарски салони и месарници, да не смеат да носат џемпери затоа што тоа е навреда за Собранието.

Ова се само дел од амандманите кои ги поднеле опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а ги објави на прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

„Ова не само што е навреда на луѓето кои чесно си го заработуваат својот леб, затоа што облеката не го чини човекот, туку е и девалвирање на целото собрание. Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно, несериозно однесување, на штета на граѓаните и институциите. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, но и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните. Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Секогаш да ставаат сопки и дејствува на штета на државата и институциите“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата“, рече тој.

„Наместо највисок законодавен дом каде се носат мерки и политики во интерес на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и опозициските пратеници по секоја цена се обидуваат од Собранието да направат циркус, место за нивна забава.

Никако поинаку не можат да се толкуваат бројните несериозни, безобразни и апсурдни амандмани поднесени на предлог измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието“, изјави тој.

„Во еден од амандманите се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера.

Замислете до каде оди оваа дрскост. Пратениците кои се борат со вирусот, пратениците кои се во изолација поради позитивни членови на нивните семејства, кои не знаат дали ќе го победат вирусот, кога ќе бидат приклучени онлајн да покажат бојадисано јајце.

Ова не само што е потсмевање кон пратениците кои се соочуваат со коронавирусот, ова е и поигрување со чувствата на верниците.

Понатаму, во дел од амандманите се вели, пратениците кои учествуваат во работата од далечина да не смеат да носат, внимавајте, облека со обележја на автомеханичарски салони и месарници, да не смеат да носат џемпери затоа што, замислете, тоа било навреда за Собранието..

Ова не само што е навреда на луѓето кои чесно си го заработуваат својот леб, затоа што облеката не го чини човекот, туку е и девалвирање на целото собрание.

Понатаму, бројни амандмани се околу стапувањето на сила на измените. Па и тука опозициските пратеници се препуштиле на дрскоста и безобразноста па во однос на стапувањето на сила поднесени се амандмани кои велат стапување на сила 40-тиот ден по влезот во ЕУ, па 41-виот, 42-иот и така натаму.

Додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса овде во Собранието поднесуваат илјадници амандмани кои се со единствена цел – блокада на работата на Собранието.

Ова е класичен пример на понижување на Собранието, на погазување на интересите на граѓаните чии претставници сме.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието, може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со и или без нив, граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните“, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови