(ВИДЕО) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ бега од дијалогот Жан Моне и од процесот на носење нов Деловник

Од:

Денес како што и претходно сте информирани се одржа четвртото продолжение на процесот или на дијалогот Жан Моне во Собранието кој се однесува на измени на деловникот или дијалог за изготвување на целосно нов деловник за функционирање на Собранието, изјави Јован Митрески координатор на пратеничката група на СДСМ.

„ Како што и претходно знаете во извештајот на Eвропската комисија посебно во делот кој се однесува на Собранието освен забелешките којшто беа директно испратени до опозицијата во делот на активната блокада која што ја спроведуваат во овој период постоеше и укажување или насока за продолжување на дијалогот Жан Моне во Собранието под покровителство на претседателот каде што учествуваат и потпретседателите на Собранието и координаторите, замениците координатори на пратеничките групи и дополнително пратеници кои што учествуваат во работата на пратеничките групи а се однесува на нивното учество и помош во Жан Моне процесот односно во изнаоѓање на најдобри можни решенија за обезбедување на функционално решение.

Денес мора да изразам и жалење затоа што ова е второ закажување на четвртото продолжение затоа што првото продолжување закажано на 28 октомври беше одложено по барање на ВМРО-ДПМНЕ заради нивни партиски активности. Не знам денес која е причината за нивно неучество меѓутоа не сакам да верувам и сакам да испратам повик до нив дека не би требало да бидат обвинети да земат уште една обврска во делот на
негативните извештаи на европската комисија кој се однесуваат на Собранието.

Фактички ова ќе биде второто после активната блокада, ова ќе биде втората работа за која што ќе бидат обвинети за неучество и во она што е препорака на европската комисија а тоа е дијалогот Жан Моне“ рече Митрески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски