(ВИДЕО) Митрески: Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот

Од:

„По предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи. Со предвидените дополнувања, се додава нов член кој гласи: Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Ова во пракса значи дека нема повеќе да има ситуации каде некој граѓанин за долг од на пример 500 денари да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.

Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот.

Примената на Законот е предвидена од октомври, 2021 година, а со него се решава една долгогодишна неправда кон бројни категории граѓани, се решава еден голем и тежок проблем на учесниците во правниот промет.

Затоа, од особена важност е сите пратеници да се стават над дневнопартиските интереси, да се откажат од блокади и опструкции и да дадат поддршка на овие законски дополнувања.

Со овој закон не губи никој, а добиваат многумина“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он