(ВИДЕО) Митрески: Сѐ што Собранието ќе го донесе како заклучок ќе биде задолжение за Владата

Од:

Колегите пред мене дискутираа за нешто во јавноста се создава како фама, а е дел од политичкиот фолклор, прво дека нешто недостасува во информацијата и да се стори впечаток дека нешто се крие во јавноста и дека нешто требало да се протурка на мала врата што не е точно и не е вистина, се она што е доставено од Владата до Собранието и доставено до сите пратеници, денес на координација кај претседателот Џафери каде присуствуваа и владини претставници, договоривме дека дополнувањето на материјалите коишто се јавно достапни ќе бидат доставени до пратениците во текот на денот или утрешниот ден, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

– Меѓутоа, зошто кажувам политички фолклор, вие бевте сведоци и на средбата во клубот на пратеници и таму разговаравме 3-4 часа, ако овие материјали не биле достапни што сме правеле тогаш врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, така што затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор. Меѓутоа еве да го разбиеме и тој аргумент и тие материјали ќе бидат дополнително доставени.

Исто така, бидејќи добивам многу прашања, дали ќе има понатамошни средби во однос на заклучоците, знаете и сами дека таа средба беше за да донесеме заклучоци после дискусијата за ифнормацијата и фактички тие заклучоци се предмет на гласање и за овие заклучоци пратениците се изјаснуваат и од друга страна имавме предлози за промена во преговарачката рамка за што не е возможно, неможеме ние да побараме од Владата да прави промени во преговарачката рамка што ја доставува ЕУ. По таа логика ние треба да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка.

Во однос дали ќе се одржат нови средби јас ја повикувам опозицијата да разговараме во однос на тоа дали ќе се усвојат предлог- заклучоците, со овие предлог -заклучоци ќе ги разбиеме сите дилеми во јавноста за македонскиот јазик, за историјата и билатералните прашања за образованието и за посебноста на македонскиот народ, посебноста со сите нејзини елементи за идентитетот. Се она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години – рече Митрески.

Би можело да ве интересира

Митрески: Од изборот на граѓаните зависи иднината на државата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Горан Наумовски

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

Митрески за продолжување на рокот на патните исправи: Меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон