(ВИДЕО) Митрески: Обезбедуваме прочистување на судството ред, правда и дисциплина, одговорност ќе има

Од:

„СДСМ е решена да обезбеди правда за сите. Таа определба беше основа на нашата изборна програма во 2016-тата и сега конечно сме на вистинскиот пат да ги воспоставиме принципите на владеење на правото.

Ние во СДСМ, и како политичка партија, и како идеолошки концепт, не отстапуваме од целта која си ја поставивме со граѓаните – тоа е држава која гарантира независен правосуден систем и преземање одговорност за сите кривични дела низ законита судска постапка. Со еден збор – правната држава ни е прв приоритет.

Ред, правда и дисциплина се основите на кои почива секоја правна и функционална држава. Така ќе биде и во Република Северна Македонија“, вели Јован Митрески, пратеник на СДСМ.

„После формирањето на новата Влада, преземеме низа мерки во контекст на надлежностите на извршната и законодавната власт за уште еднаш да се увериме дека патот на судиите и јавните обвинители кон правдата и кон независното постапување е целосно отворен.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво.

Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.

Следува процес на целосно прочистување на правосудството:

Судиите кои намерно ќе застарат предмети, како што имаме случаи во Врховниот суд, по автоматизам ќе бидат разрешувани. Предметите ќе се следат електронски, а ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал ќе биде разрешен, а Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача само да го верификуваат тоа.

Започнуваме со детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители за да им се утврди потеклото на имотот.

Следува ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Нам ни се неопходни ред и дициплина во сите институции, затоа службите мора да се отчетни, транспарентни и чесни.

За помалку од две години докажавме дека може да обезбедиме правичност и еднаквост, ќе обезбедиме и правда за сите. СДСМ врти новата историска страница за државата, за граѓаните.

Нема да дозволиме криминалците од ВМРО ДПМНЕ да ни ја попречат европската перспектива. Правда ќе има, одговорност за сите криминали ќе има!“, изјави Јован Митрески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он