(ВИДЕО) Митрески: Ги спроведуваме клучните мерки, обештетени се стечајците, укината е радиодифузната такса

Од:

„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги решаваат долгогодишните проблеми во интерес на граѓаните.

Со усвојувањето на Законот за стечајците, уште во првите сто дена го решаваме деценискиот проблем на работниците кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Се решава статусот на околу 3.000 стечајни работници кои месечно ќе добиваат надомесок од државата во висина од 7.596 денари. Со ова се исправа историската неправда кон овие лица кои не по сопствена вина и волја долги години беа без работа и месечни приходи.

Се укина радиодифузната такса. Давачката што беше трошок за семејствата и којашто остави илјадници граѓани со блокирани сметки, повеќе нема да биде финансиска обврска за физичките и правните лица.

Веќе од следниот месец, законски утврдената минимална плата ќе изнесува 12 000 денари, а бенефитот од ваквата мерка ќе го почуствуваат околу 130 000 работници.

Парламентарното мнозинство, пратениците од СДСМ и Владата продолжуваат да работат одговорно, отчетно и во интерес на сите граѓани.

Преку отворен и одговорен пристап во работата, ќе продолжи спроведувањето на зацртаните мерки што носат економски напредок, повеќе пари кај граѓаните и квалитетен живот за сите.

По локалните избори и по победата на СДСМ и коалицијата, таквиот принцип на отворена, одговорна и услужна власт, што работи во интерес на граѓаните, ќе се преслика и на локалнo ниво“, изјави Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ