(ВИДЕО) Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за Законот од СДСМ

Од:

„Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политички партии. Во период кога сме сведоци на провокации кои предизвикуваат крајно непријатни чувство во јавноста, покрај нов Закон за здруженија, потребни се измени и на Законот за политички партии“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Со измените на овој Закон предлагаме политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.

Како народни избраници, го поддржуваме правото на здружување и политичко дејствување, но мора да застанеме во одбрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности.

Овие предлог измени на Законот се токму тоа.

Овој Закон како и Законот за здруженија и фондации еднаш засекогаш ќе стават крај на намерните и опасни провокации од лица или групи кои имаат за цел да предизвикаат тензии и поделби во нашето општество.

Затоа ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да дадат поддршка на измените Законот за политички парти.

Бидејќи и политичките партии се здруженија, кои по својата цел се на едно повиско ниво бидејќи ја бараат довербата од граѓаните, еве шанса секоја партија да покаже дека стои на зборот и да го поддржи овој закон.

Заедно, преку системски решение, да се спротивставиме на појавите кои промовираат и величаат фашизам и наципнал – социјализам“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда