(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот. Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање.

https://www.youtube.com/shorts/WDyNZGMAQzc

„Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

Оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром:

Прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица.

Второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики.

И трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, порача градоначалникот.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром покажува дека вистинското лидерство не значи само да се ветуваат големи проекти, туку да се реализираат паметни и остварливи решенија кои носат непосредна корист. Новиот режим на сообраќај ќе почне да се применува постепено во најоптоварените делови од општината, со цел да се обезбеди ред, безбедност и подобар квалитет на секојдневниот живот за сите жител

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

Мицкоски: СДСМ имаат само демагогија, трикови и подземни коалиции, а Венко во кампањата доби засилување од Заев

Горан Наумовски

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски