(ВИДЕО) Митева: Советот на Ковачевски за унапредување на образованието е составен од некомпетентни политички функционери

Од:

И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат. Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија.

Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија.

Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието.

Како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава? Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат? До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници? А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши – нагласи Митева.

Ова мора да има крај!

Време е за избори!

Време е за одговорна влада!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Филипче од 2018 и 2024

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра

(ВИДЕО) Митева: Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

Горан Наумовски

Митева: Дали компанија која е блиска до семејството на екс-претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е на поранешен премиер и претседател на СДС?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митева: Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана

(ВИДЕО) Митева: Филипче да одговори, ја криел ли фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420 од која исчезнуваа наркотици фатени во меѓународна акција

Горан Наумовски