(ВИДЕО) Митева: Ограбена држава – Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

Од:

Ограбена држава – Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа. Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите. Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој се од врвот на СДС и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери? За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДС и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок.

И нервозата во СДС и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе да го прават. Дополнително, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа. Со години клучен фактор за развојот на бизнисот во Македонија била политичката моќ на ДУИ и СДС.

Затоа денес секојдневно се служат со лаги и измислици, празни прес конференции и конструирани напади, надевајќи се дека така ќе го покријат сиот криминал кој се открива во институциите. Но, на клевета ќе одговориме со вистина, СДС и ДУИ мора да знаат дека ќе има одговорност за секоја нерегуларност која ја направиле, само така ќе имаме правна држава и вистинско владеење на правото“, тврди Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра