(ВИДЕО) Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници

Од:

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони. Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка, изјави Марија Митева, портпарол и член ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии. Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници? Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја – рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови

Митева: ДПИ вчера констатира дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови

А1он

Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите

А1он

Митева: Нема да коментираме изјави на лица кои изгубиле некој близок во трагедијата во Кочани

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски