(ВИДЕО) Митева: Додека владее сиромаштија владата потрошила 270.000 евра на службени трошоци

Од:

Нема функционер од владата кој не трошел огромни средства од буџетот како службени трошоци. Владините функционери, премиерот и министрите минатата година потрошиле 270.000 евра, во најголем дел за ручеци, вечери и друг вид на ресторантски и кафански седенки. Во време на економска криза, енормно висока инфлација владата лани потрошила 10% повеќе пари за службени трошоци во однос на 2020-тата година. Или во бројка потрошени се 25.000 евра повеќе во однос на годината претходно, изјави денес на прес конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– На врвот на листата се наоѓа сегашниот Вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ со потрошени скоро 15.000 евра на репрезентации. Имено тој потрошил 4.000 евра за авионски патувања, а на аеродромите плаќал и вип салони, а ручал и вечерал за скоро 5.700 евра во приватните угостителски објекти, државни мензи и угостителски објекти во странство.

Убедливо најмногу по ресторани, дури и пред Бојан Маричиќ трошел Бујар Османи. Тој за ручеци, вечери и други угостителски услуги потрошил околу 6.000 евра. Веднаш по него во тесна трка со Маричиќ е и Артан Груби со потрошени над 4.500 евра. Високо на листата е и Фатмир Битиќи со потрошени над 20.000 евра по разни основи, зад него, но не многу скромен во трошењето е сегашниот министер во МЗШВ Љупчо Николовски со потрошени над 12.000 евра, од кои половина се потрошени во државните мензи. Крешник Бектеши со потрошени над 10.000 евра, за кој како една од ставките каде се потрошени значаен дел од парите се услугите во вип салоните на аеродромите. А, над 1.000 евра за телефонски услуги во државните мензи потрошил и Димитар Ковачевски, како тогашен заменик министер за финансии.

Додека овие владини функционери потрошиле над 270.000 евра за службени трошења, за авио билети, кафеани, ресторани и вип салони народот се соочува со 50% покачување на основните продукти за исхрана, 30% повисоки сметки за струја и парно и зголемени цени на сите неопходни работи за нормално функционирање на домаќинствата.

Запрашан за оправданоста на високите сметки на владините функционери Ковачевски на сето ова одговара дека ваквите трошоци во голема мера се оправдани и дека уште повеќе ќе се трошат доколку е потребно за Македонија и нејзиниот евроинтеграциски процес. Преку вип салоните на аеродромите и ручеците во приватните угостителски објекти не се обезбедува евроинтеграција. Оваа влада, која повикува на штедење додека владее сиромаштија немилосрдно ги троши парите на граѓаните на работи кои не се неопходни – рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра