(ВИДЕО) Митева: Директорот на ФЗОМ Ахмети е во политичка посета на САД како кадар на ДУИ

Од:

Иако системот на ФЗОМ две недели е крахиран, осигурениците не можат да добијат никаква информација, лекарите не можат да добијат плата, сепак директорот од ДУИ, Фатон Ахмети, е на одмор во САД, тој не е на своето работно место и официјално потврдија од ФЗОМ дека користи годишен одмор. Директорот Ахмети, користи годишен одмор затоа што е во политичка посета, како кадар на ДУИ бидејќи неговата посета не е од позиција на директор, туку лична, и единствениот бенефит е негово политичко надградување. Ова го потврди и самиот тој со тоа што обелодени дека е на лидерска визитинг програма, која се спроведува за политичари, а не за државни функционери, изјави денес Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заради неспособноста на менаџментот на ФЗОМ, од кој дел е и Ахмети, целиот систем на податоци на фондот беше и сеуште е загрозен и е под сериозна опасност, со можност податоците да исчезнат и да треба да се внесуваат рачно со месеци. Епилогот до сега е лекари без плата и голем број закочени процеси.Ковачевски како премиер молчи само заради поддршката на ДУИ, без која тој воопшто нема да биде на таа функција, и затоа е заложник на истите.

Фрапантно е што две недели Фатон Ахмети не најде за сходно да го прекине својот политички престој и додека податоците на осигурениците, нивните лични информации и дијагнози се загрозени тој како член на политиката партија ДУИ остана на политички престој. За ДУИ и СДС државата и нејзиното функционирање се секогаш во втор план. Имено, Фатон Ахмети, со ваквата постапка покажува дека за него неговиот политички ангажман во ДУИ е поважен од државната функција, која што ја извршува и за која е платен од граѓаните. Фатон Ахмети исто како и Артан Груби, го стави својот личен интерес пред интересот на граѓаните од чиј пари е платен.

Ковачевски пак, наместо да молчи и да прави квази реконструкции на владата треба веднаш да го разреши Фатон Ахмети од позицијата директор на ФЗОМ, а доколку не го направи тоа само ќе стави печат на фактот дека е заложник на ДУИ, со чија помош сеуште се држи на власт – рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак

Митева: Иднина во која секое дете има пристап до квалитетно образование и секој млад ум се негува, таа иднина е на дофат со Силјановска Давкова

(ВИДЕО) Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП, тотален финансиски хаос и злоупотреби

(ВИДЕО) Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митева: Додека Бујар Османи се жали дека не може да преживее со 125.000 денари плата, како ли ќе преживеат 99% од граѓаните?