(ВИДЕО) Митески: Илјадници евра наши пари беа фрлени во вода, за приватна забава на Златко Марин

Од:

„Вчера вечер сите бевме сведоци како илјадници евра наши пари беа фрлени во вода, за приватна забава на Златко Марин, посетена од едвај педесетина луѓе.

Наместо да сработи нешто корисно за општина Аеродром, градоначалникот веќе две недели се занимава исклучиво со роденденската прослава, на која доживеа дебакл“, рече Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

„Дали Златко Марин имал финансиски интерес од организација на прославата? Kако е ангажирана фирмата за озвучувањето и осветлувањето на роденденот, имајќи во предвид дека општина Аеродром имаше два неуспешни тендери за избор на фирма која ќе го намести истото? На кој начин се ангажирани изведувачите? На чија сметка се уплатени парите од спонзорите на роденденот, имајќи во предвид дека од страна на Советот на општината не е донесена одлука за примање на спонзорства и донации?

Ова се прашања на кои градоначалникот е должен да ги одговори. Иако истите му беа поставени како советнички прашања, Марин избегна да им одговори на советниците, па затоа вака јавно го прашуваме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за сите овие прашања и нелогичности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да го испита овој случај и да поведе соодветни законски постапки.

Златко Марин е ист во лагите и во сомнителното работење како Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Ние не сакаме општина и држава која ќе биде уништувана од разно разни политичари, чија единствена цел е злоупотреба на власта за лични интереси.

Аеродромци ги препознаваат лагите и манипулациите. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Зоран Заев, Петре Шилегов и Златко Марин.

Затоа сите масовно ќе ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова за Претседател на Република Македонија“, изјави Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени