(ВИДЕО) Мисајловски: Заев повеќе се труди да допре до Каменос, отколку да обезбеди домашен консезус

Од:

Зоран Заев повторно го понижи македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, изјави Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Зоран Заев вчера на странска телевизија, ги кажа прашањата кои одлучил да ги постави на референдум на кој што македонските граѓани треба да се изјаснат за сопствената иднина. Тоа не го стори ниту на македонската телевизија или некој од македонските национални медиуми, туку на грчката национална телевизија. Зоран Заев без никаква консултација со Претседателот на Република Македонија или со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, побрза да ја информира грчката јавност за детали од референдумот на кој што ќе гласа македонскиот народ. Повеќе од очигледно е дека на Заев ниту му е важен ниту националниот консензус околу ваквите суштински теми, ниту му е важно што мислат граѓаните во земјава. На Зоран Заев му е важно само да го испорача тоа што го ветил без разлика на цената што ќе ја плаќаме сите, вклучително и идните поколенија, рече Мисајловски.

Тој додаде дека уште потрагично е што Заев ја смирувал грчката јавност.

– Вистината е дека никој во ЕУ и НАТО не бара обезличување на македонскиот народ. Никој не бара бришење на Република Македонија и македонскиот идентитет. Никој не бара откажување од македонската историја, традиција и култура. Никој никогаш не побарал ставање на фуснота на јазикот или дообјаснување на националноста. Зоран Заев е срам за македонскиот народ и нема легитимитет да биде Премиер на Република Македонија. Каков е тој Премиер кој што се плаши да го изговори името на земјата што ја води? Зоран Заев вчера и јавно се откажа од Македонците во Егејска Македонија, нарекувајќи ги хеленистички Македонци и потврдувајќи ги идентитетските разлики со сите наши сонародници кои живеат надвор од границите. Зоран Заев вчера го прекрсти Солун во Тесалоники. Ги заборави македонските топоними, а договорот уште не е стапен на сила. Србите или Бугарите имаат право Солун да го викаат Солун, но Заев им го укинува тоа право на Македонците, рече Мисајловски.

Според него тажно е што Заев повеќе се труди да допре до Каменос и другите грчки лидери, отколку што се труди да обезбеди домашен консензус за прашања од национален интерес.

– Очајно е тоа што Заев е позагрижен за грчките национални интереси и секако придобивките кои ќе ги почувствува грчкиот народ, отколку за штетата што ја предизвикува тука, во Република Македонија. На Македонија, ваков премиер не и е потребен. Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во недела на протестниот марш кој што го организираме во Струмица, со почеток во 13 часот во градскиот парк во Струмица, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад