(ВИДЕО) Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа

Од:

Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни. Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да дадеме поддршка на Гордана Сиљановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 2.

– Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас. Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи. Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија – рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Промоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“