(ВИДЕО) Мирчески: Чисти канали и регулација на коритото на Пчиња во Петровец!

Од:

Разбирлива е вашата загриженост за неисчистените канали во општината, посебно по лошото искуство во Стајковци со поплавите. Не се чисти редовно каналската мрежа од Белимбегово до Таор и тоа, како што можев да се уверам, навистина е закана по безбедноста на луѓето и имотите во општина Петровец, рече Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Имате целосно право да барате каналите навреме и постојано да се чистат, затоа што плаќате за оваа услуга, но не ја добивате поради оваа неодговорна власт.

Апелирам, надлежните од власта веднаш да дојдат во Петровец и да си ја завршат работата! Есенските дождови може да направат штети и на луѓето овде. Нема да има никаков изговор за евентуалните несакани последици.

Дополнителна закана по вашата безбедност, како што гледам, е и мостот на реката Пчиња, којшто може секој момент да се урне.

Ви најавувам, ќе спроведеме регулација на речното корито на Пчиња, на потегот Горно Коњари – Катланово Петровец.

Ова не е само ветување, ова е дел од Програмата на СДСМ и тоа ќе го направиме.

Внимателно ги слушавме вашите проблеми пред да ја напишеме Програмата и ова се само дел од мерките со коишто ќе обезбедиме да имате добар и безбеден живот тука.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски