(ВИДЕО) Милошев: Тодоров си поигрува со здравјето на македонските граѓани

Од:

Здравствениот систем во Македонија, како резултат на катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски е пред целосен колапс. Состојбата со недостаток на лекови-антибиотици во Штипската болница е алармантна. Лекарите се принудени да ординираат само со еден антибиотик, оној којшто е на располагање во моментот, вели Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Очигледно министерот Никола Тодоров не знае што значи да се нема избор на антибиотици.

Катастрофалната состојба со недостатокот на антибиотици е животно загрозувачка за граѓаните.

Издавањето на само еден антибиотик значи несоодветно лекување. Тоа кај пациентите може да предизвика сериозни последици, развој на инфекции и компликации коишто може да им го доведат во опасност дури и животот.

Дополнителен проблем е Одлуката на министерот за здравство, Никола Тодоров, да штеди на инсулинска терапија.

Со одлуката Тодоров наложува што поголем број пациенти да бидат префрлени од аналоген, поквалитетен и поскап инсулин на поевтин хуман инсулин.

Лекарите се под постојан притисок од казни доколку не го препишуваат евтиниот инсулин.

Ова е погубно за здравјето на граѓаните со шеќерна болест затоа што предизвикува штетни последици за работата на бубрезите, нервниот систем и видот. Огромен број граѓани од Штип и регионот веќе се жалат на последиците коишто ги трпат.

Тодоров буквално си поигрува со здравјето на болните во Штип но и во цела Македонија.

За власта на Груевски, на приоритетната листа секогаш се спомениците, фонтаните, галиите, коишто чинат милиони, а здравјето на пациентите е на последно место.

Недозволиво е власта да штеди пари на здравјето на граѓаните.

Тодоров е должен на граѓаните на Штип и на цела Македонија да објасни зошто нема антибиотици и како ќе го реши овој сериозен проблем?

Зошто одлучи да штеди токму на здравјето на пациентите?

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?