(ВИДЕО) Миланов: Ова ќе биде трето судење кое ќе заврши по 22 часот, атмосферата е ненормална

Од:

Пред продолжението за судењето за настаните од 27 април, додека екипа на итната медицинска помош го прегледуваше Мунир Пепиќ, во изјава за медиумите, неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека сакал да го праша поранешниот заменик-министер во МВР, Агим Нухиу дали има овластувања да даде директна наредба на сите полициски единици.

Прашањето до Нухиу, како што рече Миланов, е дали тој во МВР издал таква наредба, зашто такви овластувања му даваат законите.

Миланов се пожали на целодневното судење.

„Атмосферата е ненормална. Продолжуваме со третиот сведок, а има уште тројца. Ова е нечуена работа. Немаме повеќе концентрација. Ова ќе биде трето судење кое ќе заврши по 22 часот, а може и да го почекаме наредниот ден”, рече Миланов.

Адвокатот рече дека се обратиле до Адвокатската комора, народниот правобранител и други институции за ваквата динамика на судења.

Судијката, откако си отиде итната медицинска помош, на присутните им рече дека обвинетиот Мунир Пепиќ, имал притисок 130 со 90.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски