(ВИДЕО) Михајлоски: Избор на нов лидер, потребно е реформирано ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски во говорот на прославата на годишнината од ВМРО повика на избор на нов лидер на партијата на демократски и слободен конгрес.

-Предуслов за ова да се случи е демократски и слободен конгрес на кој членовите ќе го изберат својот нов лидер, имаме план и ве уверувам дека реформите ќе победат. Дојдено е време за промени, тие се за сите добри, на Македонија и е потребно реформирано ВМРО-ДОМНЕ, рече Михајлоски.

На свеченоста на која беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ, Михајлоски посочи дека во државата и во партијата беше гушена слободата и беа правени големи неправди.

-Токму затоа граѓаните го казнија тој начин на владеење на локалните избори. Политичарите треба да извлечат поука дека секој еден кој ќе ја узурпира слободата ќе биде жестоко казнет и отфрлен.
ВМРО-ДПМНЕ со изградба на белиот дворец го напушти идентитетот и од народна стана елитистичка партија што исто беше разочарувачко, и затоа најавуваме дека по реформите ќе го напуштиме елитизмот и таа зграда нема повеќе да биде седиште на ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.

Михајлоски упати порака дека ВМРО- ДПМНЕ треба јасно да се дистанцира од криминалот и корупцијата.

-Јасно укажуваме дека партијата нема да штити криминал и корупција. Ќе поддржиме ново СЈО за сите политички елити во Македонија. Овие пораки важат и за СДСМ. На почетокот на нивното владеење може да се забележи дека некои практики продолжуваат, рече тој.

По реформите ВМРО-ДПМНЕ ќе промовира нови политики, да изградиме систем во кој правдата ќе биде бескомпромисна, а правосудниот систем целосно функционален, услови секој индивидуалец да го реализира сопствениот потенцијал, да направиме почитување во општеството, да не се гледаме како непријатели, да отвориме дијалог за сите реформи, рече Михајлоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски