(ВИДЕО) Михаиловски: Со мерката „Младински додаток“ СДСМ обезбеди 3.000 денари повеќе во џебот на младите

Од:

Растот на платите кои СДСМ ги обезбедува во континуитет се значајни за сите работници, но и особено за младите. Со мерката „Младински додаток“, којашто ја воведе СДСМ, се обезбедува дополнителен приход од 3.000 денари за младите до 23 години вработени во производство, изјави Марко Михаиловски, претседател на СДММ.

– Оваа мерка досега ја искористиле 13.000 млади лица. Тоа значи дека тие имаат 50 евра плус во нивниот месечен буџет со оглед на тоа дека работат во производство. Подобри и подобро платени работни места директно влијаат на подобрување на стандардот на младите и создаваат клима во која платите растат во сите сектори. За младите е особено важно што овие мерки ги воведовме во дијалог со младите а оваа мерка значајно влијае и врз севкупниот економски развој. СДСМ е на страната на младите и така ќе продолжиме. СДСМ обезбедува подобро платени места за младите и повисок младински стандард. Со СДСМ младите добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите – изјави Михаиловски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!