(ВИДЕО) Мицкоски: Во услови на енергетска и економска криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секој денар го претвараат во капитални инвестиции

Од:

Навистина можам да кажам дека тоа што е направено изминатата година претставува голем чекор напред. Во едни тешки услови, услови кога имате енергетска и економска криза, во услови кога имате влада која што врши притисок во општините каде што има градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ, ги намалува буџетите, ги намалува дотациите затоа што тие во владата ДУИ-СДСМ направиле нивна калкулација дека ако вршат притисок и ако ги намалуваат буџетите и средствата и трансферите на општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ тие ќе немаат средства и нема да реализираат капитални проекти, со тоа ќе се намалува рејтингот на градоначалникот, а со тоа ќе се намалува рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и тие како СДСМ и ДУИ ќе растат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Тоа ги советуваат скапо-платените советници кои што се финансираат со народни пари, како крадење тендери во четири очи, најчесто од РЕК Битола. Но, тоа е погрешен совет, затоа што овие луѓе се храбри, овие луѓе се чесни, мотивирани и секој денар го претвараат во капитални инвестиции.

Јас посебно сум горд и задоволен што тоа се случува во Македонија и што покажавме дека не сме сите исти, дека со едно храбро, чесно, мотивирано и одговорно работење може да се постигне многу. Така е примерот овдека во општина Аеродром. Видовте и дека следната година Тимчо направи една презентација заедно со тимот, заедно со советот овдека, со администрацијата на општина Аеродром подготвија многу проекти кои што ќе бидат реализирани за прв пат ќе се направи емисија на зелена обврзница која што ќе биде потрошена исклучиво за фокусирани проекти, за градинки, за училишта, за потребите на најмладите, оние кои што се наша иднина. Проектите се речиси готови и очекуваме и Ковачевски и владата на ДУИ да се надминат себе и да не го блокираат развојот на општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ – рече тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации