(ВИДЕО) Мицкоски: Во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија

Од:

Самиот факт што денеска само 500-тини семејства се разбудија со топли радијатори е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол е катастрофална работата. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме веќе две недели разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјално средба, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

– Конечно не знам дали беше од суета или од други причини, вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да не прими да ги слушне нашите предлози, нашиот концепт кој не се однесува само за оваа есен и зима туку и за следната година.

Така што цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

Мицкоски: Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Мицкоски прифаќа идната година да има вонреден електронски попис, но го условува со прифаќање на една изборна единица „веднаш“