(ВИДЕО) Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку таа се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут

Од:

Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, к-15, ремонти итн.“, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.

Тој додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата му плаќа двесте милиони евра за да може да работи

„Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60% од инсталираниот капацитет а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена“, изјави Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека ова е суштината, но за тоа брзо од денес ќе добиеме одговор кога низ една истрага ќе може да дојдеме до вистината како се крадел народот во Македонија во изминатите пет и пол – шест години.

На власта и е важен кој ќе биде надзор на коридор 8 и 10а, за да може да потпишува што ќе му кажат тие, а не реално што се случува на терен, односно да може да си наддаваат количини кои потоа ќе ги плаќаат граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалот со шпанската фирма Ептиса.

– 22 милиони евра е тендерот за супервизија, за надзор на проектите поврзани со коридор 8 и 10а којшто го добива Конзорциум од една фирма во која што е и шпанската Ептиса. Би сакал да потенцирам како се случило. Владата во ноември 2020 година носи заклучок во кој им дава насока на општините и државните институции да не потпишуваат договори надзор за проекти поголеми од 1 милион евра со шпанската компанија Ептиса поради неетичко, незаконско однесување, рече Мицкоски.

Тој посочи дека во 2021 година во ноември, 4 месеци по поминувањето на специјалниот закон во парламентот, министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира владата и му дава позитивна референца на овој правен субјект кој потоа со изменет ревизорски извештај го добива тендерот.

– Да потоа се објави тендер за надзор на ЈП за државни патишта каде што е кадар на ДУИ и 7 дена пред истекот на рокот за поднесување на пријави ја менуваат суштински тендерската документација. Односно претходно ревизорскиот извештај го менуваат делот кој треба да биде позитивен и останува само да биде ревизорски извештај и останува рокот од 7 дена. И избран е Конзорциумот во кој дел е шпанската Ептиса, потенцира Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека вкупниот договор е во вредност од 22 милиони евра затоа што проектите кои се предвидени да бидат дел од коридорот 8 и 10а, бидејќи нема проект, таму ќе се плаќа врз основа на затекната ситуација на терен и зависи колку ќе прифати надзорот.

– Затоа на власта им е важно кој ќе биде надзор за да можат да наддаваат количини и од првичната цена од 1,5-1,7 милијарди не би ме зачудило да дојде до 2 или 2,5 милијарди кои ќе ги плаќаат граѓаните. Затоа им е потребен тој надзор, да потпишува тоа што ќе му кажат од владата, а не тоа реално што се случува на терен, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Мицкоски: Сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата