(ВИДЕО) Мицкоски: Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат

Од:

Што се однесува до Град Скопје, мојот совет и до Ковачевски и до Арсовска е кога ќе се среќаваат тајно наместо да договараат провизии од рабатот кој што треба да го добие Јавното сообраќајно претпријатие да најдат начин да го решат проблемот затоа што секојдневно скопјани се жртви на оваа пинг понг коалиција која што ние ја нарековме коалиција на хаосот. Затоа, следната средба, еве јавно ги замолувам пред македонската јавност, пред скопјани, тајна јавна каква и да е, да договорат, има начин како се договара тоа. Прво, или владата да обезбеди пари преку трансфер или позајмица до Град Скопје и тие да ги исплатат обврските кон приватните превозници или втората е наместо парите да завршуваат кај луѓе кои што се блиски до СДСМ, роднини на Арсовска или луѓе од сметководствениот бизнис, од рабатот за нафта која што ја набавува ЈСП, да завршат во ЈСП за да ги исплати обврските кон приватните превозници, изјави денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој исто така истакна дека доколку Арсовска им мисли добро на скопјани треба да го поништи постоечкиот тендер за набавка на нафта во ЈСП на кој не е понуден рабат и на новиот тендер да се повикаат сите компании кои тргуваат со нафта во Македонија, па наместо парите од рабатот кој треба да го понудат компаниите да завршува во нечиј џеб, да останат кај граѓаните.

„Слушнав некои бледи оправдувања во текот на вчерашниот ден на некој од порталите дека во минатото имало рабат, сега нема била тешка година и така натаму. Еве јас јавно повикувам сите оние кои што се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати, оние кои што носат мазут и во РЕК Битола и во ТЕЦ Неготино, да се пријават на новиот тендер откако истиот ќе го поништи ЈСП-Скопје. Тоа е начинот. Поништете го тендерот ако овој не сака да дава рабат или пак да не завршува кај вас во џеб, поништете го тендерот, распишете нов и да ги повикаме сите компании во Македонија да учествуваат на новиот тендер и јас ви гарантирам дека ќе учествуваат и ќе има рабат. Многу едноставно треба тоа да биде и може веднаш уште утре да се направи, но некој сака двогодишен договор на 1 милион и 450 илјади литри нафта да заработи повеќе од милион ипол евра. Толкав е рабатот милион ипол евра. Ако вие навистина добро му мислите на градот, прво нема зошто да потпишувате две години, ќе потпишете еве на три месеца и ќе барате компании јавно да се јават на тендерот и да понудат рабат. Еве јас јавно ги повикувам сите компании, ќе го следиме тендерот, ако нормално ЈСП го поништи овој постојниот и објави нов, да нема никакви можности за манипулација и парите да останат за граѓаните, а скопјани да ги спасиме од овие непринципиелни договарања на коалицијата Арсовска-Ковачевски“, истакна Мицкоски.

При денешната посета на општина Аеродром на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на доаѓањето на американските истражители за борба против криминалот и корупцијата, и давањето поддршка на Спасовски и владата во таа борба, наспроти секојдневните примери на законско кршење и злоупотреба дали постои надеж да се сузбие криминалот и корупцијата истакна дека со овие луѓе кои се во владата и на чело на институциите криминалот и корупцијата може само да се продлабочуваат и затоа се потребни избори и нови луѓе кои што ќе ги водат тие институции во борбата со криминалот и корупцијата.

„Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат. Човекот кој што седум години е на чело на министерството за внатрешни работи, владата која што повеќе од пет години е влада, и партијата која што е дел од таа влада повеќе од 20 години и кои што се причината за криминалот и корупцијата во Република Македонија не можат да бидат решението. Така што било кој тим на истражители треба најпрвин да почне од владата, затоа јас велам што побрзо имаме предвремени парламентарни избори со нови луѓе на чело на тие институции толку побргу ќе дојдеме до решение за овој криминал и корупција. Еве ќе дадам два примера, првиот пример вклучува три институции, тоа е царината, тоа е МВР и нека биде управата за јавни приходи. Нека се извади листа од последните пет години, луксузни возила со цена на чинење повеќе од 50 илјади евра, кои се сопствениците на тие возила а потоа преку УЈП нека се провери годишната даночна пријава на тие луѓе како се стекнале со тие пари за да ги купат тие луксузни возила. Многу едноставно, еве втор пример, институција катастар, институција УЈП нека проверат кои се сопствениците на луксузни станови со вредност на чинење поголема од 100 илјади евра и нека ги проверат нивните годишни даночни пријави, како ги заработиле тие пари. Не треба повеќе да одиме, доволно е само ова да го направат и ќе дојдеме до тоа каде корупција имаме, каде имаме криминал, кои се сопствениците, како се стекнале со тој имот, многу едноставно, не треба многу длабински да навлегуваме па да даваме изјава во насока на поддршка на борбата против криминалот и корупцијата па тимови специјални. Еве овие институции, овие институции со овие луѓе кои што се сега на чело на тие институции одговор на ова прашање нема да ви дадат. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори со нови луѓе во тие институции кои што немаат концесија, кои што не се контаминирани, за да можеме да дојдеме до одговорот на оваа хипотеза која што јас денеска ја поставувам овде пред вас и пред македонската јавност“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма