(ВИДЕО) Мицкоски: Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел

Од:

И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. А само тоа место Мечкин Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– И денеска македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина. Тоа е онаа порака која што денеска од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ од ова место од Мечкин Камен ја упатува до сите граѓани во Македонија – рече Мицкоски.

Тој додаде дека „денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија“.

– Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат