ВИДЕО: Мицкоски пешачеше по патеката на петтемина струмички студенти стрелани во 1951 година

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше на планината Беласица каде што заедно со членови на Унијата на млади сили на општинскиот комитет Струмица и околните општински комитети пешачеше по патеката на петте струмички студенти, блиски до идеите на Внатрешно-македонката револуционерна организација, кои на 13 август 1951 година биле погубени кај селото Дорломбос на планината Беласица, од страна на тогашните комунистички власти.

„Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов се петте млади животи кои што од тоа време сонуваа за Европска Македонија. Македонија која што ќе биде независна и самостојна. Македонија која што ќе биде горда. Македонија која што ќе биде исправена, а не понижена и омаловажена. Годините потоа ќе сведочат за нивниот активизам, но и за нивното херојско дело кое што го направиле додека биле живи“, истакна Мицкоски.

Тој од местото каде, како што рече, започнува патот во неповрат на петтемината патриоти, ги повика присутните да му се придружат по патеката каде згаснале младите животи, но не и идејата Македонија да биде современа, модерна, горда и достоинствена држава.

Петте струмички студенти се едуцирале во Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале илегално да пребегаат во Грција.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?