(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е прва година кога министерството за култура не обезбеди пари за одржување на Вевчанскиот карневал

Од:

Овдека денеска сме во Вевчани да ја продолжиме традицијата со Вевчанскиот карневал. Ова е прва година кога министерството за култура за жал обезбеди дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација. Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднашка како што тоа го направи напати во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– За среќа Општината е тука, градоначалникот и администрацијата кои што со сопствени сили, ова е мала општина знаете вие ограничени ресурси, сепак успева скромно да ја задржи традицијата.

И во име на тоа јас сакам да им честитам бидејќи навистина покажуваат вон сериски напори да се справат со предизвиците кои што не само што ги носат економската и енергетската криза туку и власта во Македонија односно Владата на ДУИ поддржана од СДСМ.

Така што уште еднашка дозволете ми да ги честитам празниците на сите оние кои што ги слават православни христијани нормално Нова година на сите граѓани и да посакам здравје, среќа, успех, многу душевен мир, љубов во оваа година која што следи, која што очекувам да биде година на промени – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на вкупна преобразба на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Почеток на изградбата на градски воз, железницата на пат кон развој

Мицкоски: Владата ќе застане зад договорот за минималната плата

Горан Наумовски

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена и ќе ги надминеме приходите

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања