(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина

Од:

Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. Победата на нивниот кандидат во Кичево, рече, е доказ дека Македонија е дом за сите и оти победува соживотот и вербата во вредности. Ова, нагласи, е голем и важен пример колку може да постигнеме кога сме обединети.

-Вечерва Македонија повторно покажа зрелост. Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце, победивме во скопски Карпош, во Аеродром, Чучер Сандево, рече Мицкоски.

Додаде дека победил и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.

-Беше жилава и тешка борба, со многу предизвици се одлучуваше во пет до 12 . Знаете, не заслужува ни името да му го споменам. Тој противкандидат се обиде да профитира на националните и етничките поделби, но не успеа, поразен е, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот круг од Локалните избори победиле кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Валандово, Дојран и Крушево кои досега беа водени од градоначалници од СДСМ. Победивме, рече и во Кочани, нашето Кочани кое мора да го издигнеме и поткрепиме.

-Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, во Чешиново-Облешово, Виница, Дебарца, Конче Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се пребројуваат гласовите, рече тој.

Според него особено важна е победата на нивниот кандидат во Кичево.

-Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Но, и покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадности, против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека може да се обединиме Македонци , Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи Бошњаци, останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите во онаа политика која им е потребна на граѓаните, рече Мицкоски.

На ова додаде, треба да работиме.

-Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку може да постигнеме кога сме обединети. Победи идејата дека Македонија е дом за сите, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ стагнира, Левица дуплира

Катерина Ѓуровски

Локални избори 2025 (втор круг)

Катерина Ѓуровски

Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на Скопје

ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата

Александар Јовановски победи во Кичево

Катерина Ѓуровски