(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам годишна инфлација околу 3 отсто

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизра под три проценти и месечен негативен тренд, што, како што посочува е реазултат на водењето политики кои се во интерес на стандардот на граѓаните и на консолидирање на состојбите во државата. Конечно, вели, државата е консолидирана и ќе се развива онаква каква што ја посакуваат граѓаните.

-Како што кажав во неколку наврати оваа година очекувам да се стабилизираме под три проценти со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде околу три проценти. Нешто можеби под или над три проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, Општина Карпош.

Вели дека во деновите кои следат ќе имаме објавување на тие параметри и точно ќе се знаат бројките.

– Водиме домаќински политики. Водиме политики кои што се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме досега во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднат институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква како што ја посакуваат сите граѓани, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина