(ВИДЕО) Мицкоски: Ние речиси две и пол децении откако го започнавме овој интеграционен процес, сме жртви на билатерални проблеми

Од:

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, на кој што беа присутни и останатите пет лидери од регионот на Западен Балкан, а потоа и средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. Нормално е дека на тие состаноци се разговара и за европската перспектива на регионот, како и европската перспектива на Македонија како држава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Притоа тој рече:

„Она кое што можев да го кажам таму, а да го повторам и за вашите гледачи е дека мора процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија и за нас, но и за регионот да се темели на процес кој што ќе се оценуваат постигнувањата, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, кои што ќе бидат одлучувачки фактор.

За жал, ние речиси две и пол децении откако го започнавме овој интеграционен процес, откако го потпишавме Договорот за асоцијација и стабилизација, сме жртви на билатерални проблеми, односно на билатерализација на претпристапниот процес. И она што таму го кажав е дека ние сега се бориме да започнеме преговори во кои што ние ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите. Не зборуваме за полноправно членство во рамки на Европската Унија. Ние поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век не можеме да се развиваме како држава за 21, 22 век, а камоли пак да зборуваме за нешто повеќе.

Така што уште еднаш потенцирав дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму треба тоа да го прифатите, простете но ние такво нешто не можеме да прифатиме. А од друга страна ни велат дека има желба да бидеме како држава, членка во Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е, ако има желба, тогаш има и начин.

Ние сме тука да бидеме конструктивни, да останеме фокусирани на исполнување на оваа стратешка цел. Остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин.

За време на ручекот еден од присутните спомена дека се потребни жртви да се направат во овој процес на интегрирање на регионот во рамките на Европската Унија. Јас само потенцирав дека правење жртва можеби за нас е и добар збор и политички коректен збор, бидејќи ние бевме жртва на многу понижувања во минатото. Пожртвуваност е нешто друго. Но, ние бевме понижени многу пати. Ќе ве потсетам во името на европските вредности променивме знаме, променивме банкноти, неколку пати Устав менувавме, менувавме име, што не направивме за да покажеме дека навистина сакаме да бидеме дел од европското семејство. И некој кога ќе ми каже ама тоа е rule of unanimity или правилото на еден глас, ве молам, тоа е ултиматум.

Не се тие европските вредности во кои што мојата генерација се вљуби. Јас сум подготвен со секого да разговарам, колку е тоа потребно, со секој буквално да разговарам додека не најдеме вистински пат, кој што овој пат нема да биде понижувачки. Да ни дозволат да ги јакнеме институциите и да ги збогатиме нашите капацитети како држава, тоа е она што го барам. Дали е многу? Јас мислам дека не е многу“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Договорот меѓу „Хеј“ и Државна лотарија e раскинат и е основа за покренување кривична постапка, вели Мицкоски

Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница

Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови во државава

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

(ВИДЕО) Кузеска: Парите од унгарскиот кредит се всушност кинески, го прашуваме Мицкоски зошто ја лажеше јавноста

Мицкоски за црквата во Галате: Повеќе нема тензии, очекувам проблемот да се реши час поскоро

Горан Наумовски