ВИДЕО: Мицкоски најави протести за уривање на власта на Зоран Заев

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сопиште.

Мицкоски во врска со настаните од 27 април за што денеска беше повикан од страна на СДСМ пред присутните потенцираше дека е горд што бил на страната на народот протестирајќи пред Собранието.

– Ич да не се грижите и не треба никој од вас да се грижи затоа што нас не ставаат во кругчиња и во квадратчиња затоа што бевме со народот и бевме заедно и протестиравме за она за кое што го предупредуваме тогаш сегашниот премиер Зоран Заев да не прави нешто што е спротивно на интересите на Република Македонија. И горди сме за тоа, рече Мицкоски.

Тој најави дека од мај месец повторно ќе биде со народот на протести и ќе тргне да ја урне власта на Зоран Заев, бидејќи СДСМ не може да уништи повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ може да изгради.

Мицкоски посочи дека индустриското производство бележи пад, нема нови вработувања, а странските инвестиции се за 100 милиони евра помалку споредено со минатата година. Тој додаде дека капиталните инвестиции се на минимални 4% што е 4 пати помалку од минатата година кога имаше политичка криза, а отпочнатите проекти се застанати таму каде што ги наследиле, односно буквално не постои никаква реализација.

– Девизните депозити споредено со мај 2017 до крај на февруари 2018 се намалени за 214,2 милиони евра, монетарното злато за истиот период е 12,5 милиони евра помалку. Покрај тоа што ја задолжија државата за 566 милиони евра, или секое семејство за 1200 евра ги трошат и депозитите кои граѓаните ги штедат, нагласи Мицкоски.

Во врска со најавата за инвестиции од 270 милиони евра во патната инфраструктура Мицкоски потсети дека тоа се проекти подготвени и реализирани од претходната влада и пари обезбедени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои СДСМ чекале 10 месеци ги чуваше во фиока без да почне

– Да почнеа во јуни минатата година, сега сигурно барем половина од овие проекти веќе ќе беа реализирани и ќе се офајдеше некоја компанија, луѓето ќе имаа пари, можеби ќе се отвореше некое ново работно место, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал