(ВИДЕО) Мицкоски: Луѓето кои распродадоа се што можеше да се распродаде, немаат кредибилитет да судат

Од:

Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на критиките од опозицијата, тој напомена дека „луѓето кои распродадоа се што можеше да се распродаде во минатото, а што е идентитетска одредница, од знамето до името, немаат кредибилитет да судат и пресудуваат“. Оваа Влада, потенцира, се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеа.

-Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја создаде една земја членка на ЕУ и тоа секако влијае врз имиџот на Унијата. Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик од некои европратеници кои со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа зашто мнозинството европратеници ја прочита немерата, но успеа бришењето од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, она што беше усвоено на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Многу е поважно што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека Договорот од 2022 година, прифаќањето на тогашниот Предлог, не е само лесна промена и интервенција во Преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство, туку проблемот е многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет и јазик на еден од најмалубројниоте народи во Европа од страна на Бугарија. Тоа за мене е чин без преседан и е се, само не е европска вредност. Не можам да прифатам како европретниците што вчера гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на тие 120 и нешто што гласаа против и на оние поеќе од 100 што се воздржаа од гласање, рече Мицкоски на новинарско прашање по настанот посветен на 80-годишнината од формирањето на Републичкиот Црвен крст.

Тој останува на ставот дека сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси и нивното претставување надвор иако од СДСМ, како што истакна, тоа не го очекува.

-Владата има обврска и кон граѓаните, но и кон сите останати да продолжи уште послино и попосветено да работи на внатрешните реформи, а истовремено и надвор од државата да се обиде уште погласно да ги артикулира аргументите и да биде фокусирана целосно, додека не бидеме дел од европското семејство, подвлече премиерот.

Би можело да ве интересира

Најмалку што може да направи ЕУ, е да не не дискриминира, вели Мицкоски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Мицкоски: Кампањата на СДСМ покажува тие се борат за заштита на корупцијата, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев