(ВИДЕО) Мицкоски: Единствена работа со која се фали Пендаровски за својот претседателски мандат е дека не крадел, а кампањата му ја финансираат со украдени пари

Од:

Многу е тажно и во исто време поразително, што единствената работа со која може Пендаровски да се пофали за својата работа како претседател и која сам ја потенцира е дека не крадел. Замислете, тоа што треба да биде нормала, една нормална вертикала во работењето на еден претседател, Стево Пендаровски тоа го претставува како исклучителен дострел во неговото функционирање како претседател, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање пред присутните граѓани на народнтиот собир во Виница.

Мицкоски посочува дека кога ова го зборува Стево Пендаровски на настан во салата Борис Трајковски, единствено не аплаудира Миле Зечевиќ, затоа што знае дека изборната кампања за втор претседателски мандат, му ја финансира со украдени народни пари од наместени тендери.

„Ама, заборава Стево дека кога ја кажа оваа досетка во салата Борис Трајковски аплаудираа тие малку мина и се смееја кои што сеуште го поддржуваат. Ама, еден молчеше, не аплаудираше. Тој знае што кажал Стево Пендаровски, тој кажал дека во суштина пет години ништо не направил, ама бидејќи ништо не направил, тогаш немал ни можност да краде. Ама тие кои му аплаудираат, кој што се дел од владата на СДСМ и ДУИ биле лопови и краделе изминатите шест и половина година. Тоа лице кое не аплаудираше се вика Миле Зечевиќ. Зошто Миле не аплаудираше? Затоа што знае Миле како му ја финансира кампањата на Стево Пендаровски. Со криминални тендери изминативе шест и половина години. Значи Стево не крадел, ама кампањата му ја финасираат со украдени народни пари“, рече Мицкоски повикувајќи ги македонските граѓани на 24 април масовно да излезат на гласање и со пенкало, оваа опција да ја испратат во политичка пензија.

Понатаму, Мицкоски потенцираше дека, професорката Силјановска Давкова е со спротивно на она што до сега беше Пендаровски и дека таа е опцијата која е поддржана од граѓаните и која сака промени за Македонија да не биде опљачкана и омаловажена, туку повторно да биде горда.

„Втората опција која што ја поддржуваат граѓаните е опцијата која што ја претставува професорката Гордана Силјановска Давкова, опцијата околу која се обедини коалицијата „Твоја Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е опцијата која што сака промени за да Македонија не биде опљачкана, да не биде понижена, омаловажена и клекната на колена како што е сега“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот кој вие од власта го крадете

Горан Наумовски

Мицкоски: Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да одговараат криминалците

Горан Наумовски

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот