(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава

Од:

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали – инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.

-Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект – темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста опредлеба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестициоја во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образвание, научна работа и академски развој, подвлече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово