(ВИДЕО) Мицевски: Тевдовски, Манчевски и Глигоров да поднесат неотповикливи оставки

Од:

Постои случај на 6.000 вработувања спротивно на Закон на државен товар, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– На ова претходеше бришење на критериумите за административните службеници, но и тоа не Ви беше доволно и не сопревте, постапките не сте способни да ги спроведете. Додека ги чекаме реформите кои ги најавувате во државната и јавна администрација, ретко неталентираните министри за финансии и информатичко општество и администрација, одговорија паушално како да сме ги прашале за семејниот трошок за годишен одмор во 2018 година односно според неколкуте портали одговорот од МФ и МИОА е:
1. Позитивно одговориле на 417 годишни планови за вработување за 2018 година спротивно на Закон и истото го сториле поради изборен процес.
2. Точната бројка на нововработени била 3.078 во државна и јавна администрација.
3. 12.335 вработени си заминале од администрација од кои околу 4.000 работници биле на одредено време и не им е продолжен договорот, дел си заминале неколку илјади, дел се пензионирале и 511 добиле отказ.
Нашите индиции за организирана злоупотреба и грубо непочитување на законите и процедурите, притоа нанесувајќи му штета на Буџетот на Република Македонија, добија официјално признание со скандалозни размери, рече Мицевски.

Тој рече оти не постои законска можност за издавање на позитивно мислење на годишен план за вработување надвор од роковите предвидени со закон.

– Несериозно е лиферувањето на информацијата дека точната бројка на нововработени е 3.078. Каков вид на вработување, во која институција, на кое работно место, со средства од кој буџет или сл, или доволно е само 3.078 сето останато е државна тајна или можеби се ваши лични податоци!? Скандалозно е и објаснувањето дека 12.335 вработени си заминале од администрацијата и паушална оценка за основите на нивното заминување, додека како пофалба се истакнуваат дека 511 добиле отказ. Министерството за финансии, кое исто така спротивно на закон има издадено 417 согласности на незаконски годишни планови за 2018 година, не ги интересираат вработувањата во институциите бидејќи функционерите парите за плати и придонеси ги носат од дома! Напротив, се најповикани да одговорат за секое поединечно вработување во институциите, не за профилот на вработените како што одговараат од министерството, за државните пари со кои се финансираат вработувањата односно од кој буџет се финансирани вработувањата, дали се планирани и сл, рече Мицевски.

Тој ги повика надлежните институции да започнат постапка и сериозно да истражат кој и во колкави мери ја злоупотребил својата службена положба и овластување.

– На најповиканите во овој скандал им препорачуваме:
1. Сите согласности на годишните планови за вработување за 2018 година, кои сте ги издале спротивно на закон, да ги прогласите за ништовни.
2. Сите вработувања на административни службеници во институциите, врз основа на незаконски годишни планови за вработување за 2018 година, да ги прогласите за ништовни.
3. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да си поднесете неотповиклива оставка.
4. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да си побарате ревизија за да се утврди колкава штета имате сторено.
5. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да се пријавите во Основното јавно обвинителство и кривично да одговараат за злоупотреба на службена должност, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад