(ВИДЕО) Мицевски: Ги повикуваме сите општествени чинители да го поддржат Референдумот со цел поништување на договорот со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата донесе одлука за отпочнување на постапка за организирање на задолжителен Референдум со цел поништување на договорот со Бугарија, кој е корен на сите негации на македонскиот јазик, идентитет и историја изминатиов период. Ја повикуваме целата јавност, експертите, политичките партии, граѓанските организации, граѓаните во целост да се приклучат кон иницијативата и да го поддржат Референдумот. Ги повикуваме СДС да не тактизираат со народната волја, и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот, изјави денес Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа иницијатива за Референдум е целосно европска бидејќи се спротивставува на негаторските политики и постапки кои Бугарија ги насочува кон Македонија од аспект на јазикот, културата и идентитетот.

По спроведените детални консултации со експерти од областа на Уставното право, коалиционите партнери и телата на партијата донесена е одлука прашањето да гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

Постапката ќе ја отпочнеме со собирање на 100 потписи за отпочнување на граѓанска иницијатива која ќе ја доставиме до Собранието, а со цел овозможување на постапка за собирање на 150 илјади потписи од страна на граѓаните на Македонија. Сувереноста на државата произлегува од граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го почитува и засекогаш ќе го применува тој принцип.

Овој Референдум е само можност за граѓаните да го кажат својот став.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група останува ист. Ние нема да прифатиме и поддржиме промена на Уставот, со цел бугаризација на Македонија.Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на линија на одбрана на македонските национални интереси – нагласи Мицевски.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

A1on