(ВИДЕО) Мемети: Добивме морничави информации за начинот на кој се посвојуваат децата

Од:

Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори постапка и истражување на системот за посвојување на деца како и за тоа што се случува на Клиниката за гинекологија. Ова истражување треба прецизно да утврди каде одат децата и дали начинот на кој се врши посвојувањето има слабости и пропусти.

– Добивме морничави информации за тоа што се случува на гинекологија, но и во целиот процес на посвојување. Децата што се земаат од семејствата наместо да се заштитат, се оставаат на милост и немилост, рече народниот правобранител, Иџет Мемети.

Тој тврди дека народниот правобранител како институција поседува одредени информации, но смета дека се додека не се утврди фактичката состојба би било несериозно да се произнесува било што за овој предмет во јавноста.

Основното јавно обвинителство веќе ги истражува сомнежите дека при процесот на посвојување на деца се бараат пари од посвојувачите, но Мемети смета дека досегашната истрага не е на потребното ниво по што повика обвинителството поактивно и посериозно да се занимава со овој случај.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител