(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Македонија ја направија земја на седативи

Од:

„Кога луѓето зборуваат за здравје, најчесто мислат за физичкото здравје. И знаете што се случува? Еве јас конкретно работам медицина на труд. Ќе дојде некој работник и вели: Докторе, јас не сум физички болен, ама воопшто не ми е добро. Имам заостанати сметки, ме притискаат извршители , со сопругата постојано се расправаме, не можам да одам на работа.

Не е само физичката состојба здравје!

Здравјето значи психичка и социјална благосостојба. Ако тој работник не е концентриран на работното место, тој може себе да си нанесе штета. Може да наесе штета на некој друг.

Затоа предизвикот пред којшто се наоѓаме, посебно ние во Македонија е да им помогнеме на луѓето. Знаете зошто посебно? Затоа што граѓаните малку зборуваат како се чувствуваат. Тие и не знаат дека ако е нарушена нивната социјална или емотивна состојба треба и мора да побараат помош.

Затоа во нашата земја е толку голем бројот на граѓани кои се во депресија. Според официјлани податоци на Институтот за јавно здравје, од 2010 до 2015 година, тој процент е зголемен за 37 проценти.

Бидејки СЗО го дефинира здравјето како целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци, прашањето што ќе треба да си го поставиме е што е тоа што ги загрижува луѓето, што ги вознемирува?

Ги плаши сиромаштијата. Стравуваат за иднината на своите деца. Изнемоштени се на работните места. Има бројни примери примери каде е загрозено здравјето на жените работничи на работните места, од разни причини.

И кога Владата, како денешната во заминување е окупирана само со своите интерси наместо со проблемите на граѓаните, се случува ова – Македонија да биде земја на граѓани на седативи.

Како одговорни лекари, како граѓани одговорни во политиката, или други во бизнисот, должни да ова да го смениме.

Потребен е поинаков приод.

Затоа е добро што во Програмата на новата Влада, меѓу другото е предвиден семеен социјален работник којшто ќе работи со семејствата и таму каде што има проблеми, ќе им посочува, навреме да ја побараат потребната помош.

Да работиме на превентивата, а не на справувањето со последиците“, рече Д-р Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ, на дебатата организирана од Комисијата за здравство на СДСМ и Форум на жени на ОО на СДСМ Кисела Вода, за денешниот 7 април, Светски ден на здравјето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија