(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Целта на новата Влада е да има лекови на рецепт цел месец

Од:

„Нема да дозволиме со блокадата на институциите и понатаму да се загрозува здравјето на граѓаните!

Да беше избрана досега нова реформска Влада, за граѓаните ќе имаше достапни лекови на рецепт во аптеките во текот на целиот месец, наместо како сега луѓето да остануваат болни без лекови.

Знаат граѓаните дека одговорот што го добиваат во аптеките по 15-ти во месецот кога имаат потреба од лек е: “Нема, се потроши“. Родителите се принудени да купат сируп од 500 денари што го нема на рецепт, затоа што на болното дете дома мораат да му однесат лек. Најстрашното е тоа што голем број деца и граѓани остануваат без лекови, затоа што семејствата немаат пари да ги платат приватно.

Релевантното истражување за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс покажува фрапантен податок. Погледнете: 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните, а само 25 проценти на товар од Фондот за здравство. Македонија е меѓу последните 4 земји во Европа каде државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани.

Ова на граѓаните на Македонија им го направија несовесните и неодговорни тендер политики на Никола Груевски и Никола Тодоров, кои се интересираат само за пари во нивните џебови, а не и за здравјето на граѓаните.

Новата реформска Влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавање на овој проблем, за да се надмине состојбата со недостаток на лекови на рецепт по 15-ти во месецот и да има зголемена достапност на лекови. Ќе работиме на воспоставување систем што ќе овозможи реално да се трошат месечните квоти на лекови. Нашата крајна цел е да има достапни лекови во текот на целиот месец.

Секој пациент заслужува квалитетен лек. Затоа, при изборот на лекови за позитивните листи, ќе учествуваат и претставници од здруженија на граѓани и засегнати болни од шеќерна болест, бубрежни болни, висок притисок, карцином, здруженија на пациенти со ретки болести, на пациенти со посебни потреби. На овој начин ќе обезбедиме граѓаните да ја контролираат државата какви лекови набавува и ќе овозможиме избор на квалитетни лекови и лекарски помагала, по најдобра можна цена.

Планираме и зголемување на буџетските средства за лекови. Така ќе овозможиме поголема достапност на поскапите лекови, што се од витално значење за пациентите.

Македонија е сега на претпоследно место во Европа по лоши здравствени резултати, но тоа ќе се смени со реформските политики на новата Влада.

Затоа демократските процеси мора да се одблокираат.

Граѓаните избраа промени, сакаат одговорни здравствени власти чиј приоритет е здравјето на луѓето. Имаме обврска да ја спроведеме мнозинската волја на граѓаните. Брзо ќе има нова Влада, чиј фокус се реалните потреби на граѓаните“, изјави Д-р Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов