ВИДЕО: Меџити како Дехари, за етничка Албанија

Од:

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, го става Кичево во мапата на етничка Албанија, пишува Курир, објавувајќи ја снимката што ја објавила телевизијата Канал5.

Во снимката се слуша пораката на Меџити до иселениците кои ги повикува да дојдат на 24-ти март и да обезбедат победа во Кичево и сеалбанско поврзување од Липково до Тирана.

– На 24-ти март ви кажувам со огромна искреност и да победиме во сите општини, ние нема да имаме лице, нема да имам смисла победата во Чаир, Тетово, Струга, ако не оствариме победа во Кичево, за Кичево да биде дел од теничка Албанија – порачува актуелниот градоначалник на Чаир.

И кандидатот за градоначалник на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари, во својата предизборна кампања, како адут во битката за гласови ги изнесе и своите ставови за Голема Албанија.

Тој на 17-ти февруари пред албанската дијаспора во Чикаго, во својот говор истакна дека кога некој ќе тргне од Тирана, па преку Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, скопски Чаир па сè до Куманово, ќе биде пречекан од градоначалник Албанец, а тоа, наведува тој, е сонот на секој Албанец, тоа е една Албанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија