(ВИДЕО) Мециновиќ: Оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија

Од:

На денешната собраниска седница, пратениците од власта дрско одбија да ги изгласаат предлог-измените на Изборниот законик, кои Левица ги поднесе поради невидената цензура со кои и беше ускратено правото на рекламирање.

Последните локални избори ќе бидат запамтени по скандалот со кој за прв пат парламентарна политичка партија беше целосно исклучена од медиумите, под диктат на заробените институции од хибридниот режим на ДПМНЕ.

Пратеникот Мециновиќ во своето излагање потенцира дека последните локални избори ќе бидат запамтени во нашата историја на парламентарна демократија поради бруталната цензура и како таков е нотиран во извештајот на ОБСЕ-ОДИХР. Според пратеникот на Левица, оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија, поради нејзините тоталитарни и авторитарни процедури, со кои се потиснува крикот на опозицијата.

Со тоа што ДПМНЕ одби да изгласа формална интервенција на Изборниот законик само се потврди дека бруталната цензура врз Левица беше директно оркестрирана од највисоките врвови на власта, со што демократијата беше сериозно разрушена, каде во вториот круг за избор за градоначалник на главниот град за прв пат имавме целосна исклученост од медиумското претставување на еден од кандидатите за градоначалник.

Би можело да ве интересира

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски